Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со интензивна акција за расчистување на два напуштени објекти во Ново Маало и кај ТЦ Буњаковец, информираше денеска градоначалникот Горан Герасимовски. Интервенцијата е извршена по барање на жителите од околните згради
поради страв од пожари, кражби и загрозување на јавното здравје. На првата локација, со асистенција полицијана МВР, се иселени затекнатите лица и започнало расчистување на сметот, а на втората локација кај Буњаковец, поради присуство на малолетни лица, во акцијата била вклучена и социјалната служба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
