Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека кејот на Вардар ќе добие нова градска плажа, како дел од пошироко уредување на јавниот простор покрај реката.
Според него, Kејот е еден од клучните приоритети на новата градска администрација и уште од преземањето на функцијата започнало темелно чистење на речното корито.
Во рамки на проектот ќе се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, а ќе се поставува и нова урбана опрема и се најавуваат фитнес-зони на отворено. Проектот ги опфаќа и терените во Маџир Маало, за кои е најавено целосно унапредување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
