Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Грчките земјоделци попладнево на протест пред парламентот во Атина
    Свет

    Грчките земјоделци попладнево на протест пред парламентот во Атина

    13/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од различни делови на Грција, со траекти, автобуси, автомобили, но и со трактори, грчките земјоделци попладнево ќе пристигнат во Атина за да одржат протест на плоштадот Синтагма пред Парламентот, каде што, според најавите, се очекува да преноќат и утре да си заминат.

    Протестот е закажан за 16 часот по локално време, а земјоделците добија поддршка од Синдикатот на вработените во приватниот сектор, од опозициските СИРИЗА, Нова левица и Комунистичката партија, кои упатија повик за учество во собирот.

    Според неофицијални информации, околу 130 земјоделци од Крит, доцна синоќа со траект тргнаа кон Атина, од континентална Грција се очекува да стигнат со автобуси, додека пак од местата што се во близина над 50 трактори со камиони ќе бидат пренесени до патарините пред влезот во грчката метропола, од каде што организирано ќе се упатат кон плоштадот Синтагма.

    Најавите се дека тракторите во текот на ноќта ќе останат паркирани пред грчкиот Парламент и ќе си заминат утре претпладне.

    Одлуката за протест во Атина беше донесена на состанокот одржан минатата седмица.

    Земјоделците, кои вкупно 55 дена во декември и јануари, беа на патиштата и граничните премини со поставени блокади, а минатиот месец се сретнаа со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку протестот сакаат уште еднаш да ги истакнат нивните барања, за кои сметаат дека не се решени.

    Сличен протест земјоделците одржаа и лани кон крајот на февруари кога со над 150 трактори пристигнаа во Атина, во текот на ноќта останаа пред Парламентот и си заминаа следниот ден.

    Поврзани вести:

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    21/10/2026

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    21/10/2026

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.