Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Почнува Минхенската безбедносна конференција, претседатели, премиери и министри ќе разговараат за глобални теми, ќе присуствува и Мицкоски
    Свет

    Почнува Минхенската безбедносна конференција, претседатели, премиери и министри ќе разговараат за глобални теми, ќе присуствува и Мицкоски

    13/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Традиционално, во хотелот „Бајеришер Хоф“ денеска почнува 62. Минхенска безбедносна конференција (MСЦ), на која ќе учествуваат повеќе од 1.000 делегати од над 115 земји, вклучувајќи 60 шефови на држави и влади, 100 министри за надворешни работи и претставници на големи меѓународни организации, меѓу кои се шефовите на ЕУ, НАТО, АСЕАН, ОБСЕ, Светската банка, Светската трговска организација и бројни агенции на ОН.

    На собирот, меѓу другите, се очекуваат претседателот на Украина, Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, данската премиерка Мете Фредериксен и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Исто така, учество потврди и државниот секретар на САД, Марко Рубио, кој ќе предводи голема американска делегација составена од повеќе од 50 членови на американскиот Конгрес, како и гувернерите на Мичиген и Калифорнија.

    Повеќе од две третини од сите европски шефови на држави и влади го потврдија учеството, што ја истакнува централната улога на конференцијата во обликувањето на европскиот стратешки дијалог.

    Минхенската безбедносна конференција, предводена од претседателот Волфганг Ишингер, во наредните три дена станува место каде стотици носители на одлуки и лидери на јавното мислење од различни региони на светот ќе разговараат за предизвиците на безбедносната политика.

    Минхенската безбедносна конференција со години претставува една од клучните платформи за размена на ставови за глобалната безбедност. Темите што ќе се обработуваат на МСЦ 2026 ќе вклучуваат европска безбедност и одбрана, иднината на трансатлантските односи, ревитализација на мултилатерализмот, спротивставени визии за глобалниот поредок, регионални конфликти и безбедносни импликации од технолошкиот напредок.

    Овогодишната, 62. Минхенска безбедносна конференција која почнува денеска, трае до 15 февруари, а мерките за безбедност се максимално засилени и ангажирани се 5.000 полицајци кои ќе го обезбедуваат собирот, вклучувајќи засилувања од соседните земји. Како што е најавено, за време на настанот, воздушниот простор над Минхен ќе биде затворен за сите летала, вклучувајќи и дроновите.

    Македонската делегација ќе ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, а ќе го придружуваат министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

    Поврзани вести:

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    21/10/2026

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    21/10/2026

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.