Утрово околу 4 часот во СВР Скопје било пријавено дека во гаража во село Батинци, скопско, биле запалени три патнички возила со скопски регистарски ознаки. Сите возила се сопственост на две правни лица од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при гаснењето со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци.
На местото на настанот извршен е увид, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
