Синоќа полицијата при претрес на малолетничка од Скопје проначла марихуана. Со неа била приведена и 30-годишна кумановчанка. Покрај дрогата кај нив биле пронајдени и други предмети за кои постои сомнение дека се предмет на сторено кривично дело кражба.
Од СВР Скопје информираа дека по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
