Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Мицкоски потврди дека се запленети 40 тони марихуана и вели дека до крај на акцијата може да бидат и 100 тони
    Хроника

    Мицкоски потврди дека се запленети 40 тони марихуана и вели дека до крај на акцијата може да бидат и 100 тони

    08/02/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека запленетата марихуана, шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод) и биомаса од правните лица кои се занимаваат со овој бизнис, според истрагата, е резултат на непочитување на законот, но оти тоа треба да биде потврдено и во судска постапка.

    Досега, вели се запленети 40 тони марихуана, но, не ја исклучува можноста до крај на акцијата да бидат 100 тони. Премиерот најави дека на следната владина седница ќе биде донесена одлука да се направат проверки во сите правни субјекти. За жал, нагласи, ова е резултат на една погрешна политика, на картелска политика, којашто ја водела претходната влада на СДСМ и ДУИ.

    „Законот треба да се почитува. Овие коишто се предмет на оваа акција не го почитувале законот. Така ние мислиме. За да на крај дојдеме до решение, ќе каже судот низ една постапка дали го почитувале или не го почитувале. Ние мислиме во истрагава сега што ја водиме и во акцијата, дека не го почитувале. Ќе видиме тој процес понатаму ќе се развива. Можеби судот ќе каже државата не е во право, го почитувале законот, но, ние мислиме дека не го почитувале, сме ги конфискувале овие количини и сега истите проверки ќе ги направиме и во други правни лица коишто се занимаваат со оваа дејност, изјави македонскиот премиер во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со репрезентативните синдикати на администрацијата.

    Тој нагласи дека македонската регулатива дозволува извоз на масло од канабис за медицински цели, но нагласи, за тоа треба да се почитува законот и воспоставените норми.

    „И сега нашата регулатива дозволува извоз на масло коешто се користи во медицински цели. Но, тоа има одредени норми и стандарди коишто треба да бидат постигнати. Вие не можете да декларирате отпад, отпад се знае, се гранки, лисја, а внатре во декларираниот отпад да најдете тврдо пресуван цвет од канабис. Јас не сум бил толку вклучен во оваа работа, но изминативе денови разговарав со многу луѓе коишто се познавачи на оваа област. Од самиот почеток на носење на првиот закон, па сè до денеска. Законот е генерално ист, но, некој министер, а тоа деновиве ќе се разработува, дозволил да се промени правилникот којшто е спротивен на законот. Значи, ние имаме подзаконски акт кој е во колизија со самиот закон и ниту еден познавач и ниту еден којшто во овој бизнис е успешен, не ми кажа дека, цвет од канабис, којшто не е третиран по посебни стандарди, има таму затворени простории и така натаму и така натаму, сега да не, да не навлегувам во такви детали, може да произведе цвет којшто потоа ќе се користи за производство на масло и тоа масло потоа да се користи во медицински цели“, рече премиерот Мицкоски.

    Тој вели дека законското решение е добро, но оти е спорен правилникот кој бил дополнително донесен.

    „Јасно се знаело се, уште кога се носел правилникот, кога се дозволило на отворено да се одгледува канабис, истиот да се чува како што се чувал, истиот да се складира како што се складирал. Од тоа што успеав изминативе денови да го научам, почетникот во овој бизнис знае дека така таа работа не бива. Не може така да се добие производ со којшто ќе се задоволат ГМП нормите и стандардите за извоз на масло, кое потоа ќе се користи во медицински цели. Дали тоа некој со умисла го правел, дали тоа го правел со некаква друга цел, истрагата ќе даде одговор“, рече Мицкоски потенцирајќи оти тие што работат законски нема да имаат никакви проблеми.

    Тој апелира на внимателност во услови кога, како што рече, се спроведува најголемата акција во борбата против дрога и наркотични средства во Македонија.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.