Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес
    Република

    Шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

    07/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кај двајца новопримени професионални војници на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест шуга (scabies), соопшти Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата, во соработка со Министерството за одбрана.

    Како превентивна мерка, сите војници кои се на обука во Командата за обука и доктрини привремено се пуштени дома. Освен двајцата кај кои е потврдена болеста, останатите треба да се вратат во касарната во понеделник.

    Од Армијата информираат дека, во координација со Воено-медицинскиот центар, се преземени сите потребни мерки за спречување на евентуално ширење на заболувањето и дека се спроведува епидемиолошки надзор согласно препораките на стручните служби.

    Надлежните посочуваат дека сместувањето и хигиенските услови се организирани според армиските правила и стандарди, а пред приемот на војниците била извршена дезинфекција на просториите и била обезбедена чиста постелнина. Капењето на војниците, како што наведуваат, се спроведува организирано и плански.

    Во соопштението се потсетува дека во изминатиот период во касарната во Велес биле реализирани активности со повеќе од 300 новопримени војници, како и меѓународната вежба „SEVEN STARS 2025“, додека на армискиот полигон Криволак се одржала и вежбата „Immediate Response 25“ со над 2.200 припадници на домашни и странски вооружени сили. Во ниту една од тие активности, според Армијата, не била евидентирана појава на ваков тип заболување.

    Од Министерството за одбрана велат дека постапуваат согласно насоките на Воено-медицинскиот центар и дека ќе бидат преземени соодветни мерки.

    Поврзани вести:

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    21/09/2026

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    21/09/2026

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.