Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Најмалку 16 загинати во две тешки сообраќајни несреќи во Турција
    Свет

    Најмалку 16 загинати во две тешки сообраќајни несреќи во Турција

    01/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Најмалку 16 лица го загубија животот, а повеќе десетици се повредени во две тешки сообраќајни несреќи што денеска се случија во Турција, во близина на Анталија и во провинцијата Бурдур.

    Во првата несреќа, патнички автобус излетал од патот и се превртел во турската провинција Анталија, откако возачот не успеал да ја совлада кривината. Според локалните власти, загинале најмалку девет лица, а голем број патници се повредени и се пренесени во болниците во регионот, меѓу кои и Градската болница во Анталија.

    Министерот за правда на Турција, Јилмаз Тунч, соопшти дека е покрената истрага за несреќата и дека се именувани еден заменик главен обвинител и двајца јавни обвинители. Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, изјави дека во моментот на несреќата владееле лоши временски услови, со дожд и магла, но нагласи дека станува збор за делница на која не е дозволена висока брзина.

    Во втората несреќа, на патот Анталија–Испарта, во провинцијата Бурдур, седум лица загинаа, а пет се повредени при директен судар на два автомобила. Повредените се хоспитализирани, а патот по завршениот увид е повторно отворен за сообраќај.

    Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека двете несреќи ја потресле турската јавност и изрази сочувство до семејствата на загинатите, со желби за брзо закрепнување на повредените. Истрагите за двата случаи се во тек.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Зеленски: Преговорите со Русија и САД ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби

    Зеленски: Преговорите со Русија и САД ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби

    САД и Индија постигнале договор за венецуелска нафта, тврди Трамп

    САД и Индија постигнале договор за венецуелска нафта, тврди Трамп

    Најмалку 87 загинати во разорната снежна бура во САД

    Најмалку 87 загинати во разорната снежна бура во САД

    Смртоносни напади во Газа: Погодена полициска станица и шатор со раселени лица

    Смртоносни напади во Газа: Погодена полициска станица и шатор со раселени лица

    (Видео) Спасени сите 51 заглавени лица што се превезувале на жицница во Турција

    (Видео) Спасени сите 51 заглавени лица што се превезувале на жицница во Турција

    Романија на обвинителна клупа пред Судот на ЕУ поради нелегални депонии

    Романија на обвинителна клупа пред Судот на ЕУ поради нелегални депонии

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Зеленски: Преговорите со Русија и САД ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби

    01/02/2026

    САД и Индија постигнале договор за венецуелска нафта, тврди Трамп

    01/02/2026

    Најмалку 87 загинати во разорната снежна бура во САД

    01/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.