Жител на гостиварското село Дебреше вчера попладне пријавил дека во шахта пронашол починат член на своето семејство.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, С.Р. пријавил дека во шахта која се наоѓала во дворот на куќата на неговиот братучед го пронашол починат својот вујко А.Џ., на возраст од 75 години. На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и екипи на криминалистичката полиција од Гостивар.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
