Камионџиите од Босна и Херцеговина и Србија продолжуваат да ги блокираат граничните премини за товар. Ова го соопшти босанско-херцеговскиот конзорциум „Логистика” по состанокот одржан во Белград откако Европската Kомисија објави стратегија со која ќе се реши проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.
Од таму велат дека треба да се упати заеднички апел до ЕУ за решавање на прашањето за должината на престојот на превозниците од регионот во земјите од ЕУ. Од протестите нема да се откаЖат додека не се исполнат барањата. Инаку, тамошните камионџии иницираат и состанок со претставници на водечките политички партии.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
