Дивоградбите во Општина Карпош ќе ги урива Град Скопје односно ЈП „Улици и патишта“, одлучија денеска советниците во Град Скопје со 34 гласови „за“.
Од Општина Карпош побарале да воспостават меѓуопштинска соработка со Град Скопје за заради поекономично и поефикасно вршење на надлежностите на Општина Карпош, кои се однесуваат на спроведување на актите на градежната инспекција за отстранување на бесправно изградените објекти.
Досега општините распишуваа тендер на кои се избираше приватна фирма. Град Скопје нема никакви надлежности во однос на уривање на дивоградби односно нема градежна инспекција и не носи одлуки за уривање, туку тоа го прават општините. Градот досега никогаш не уривал дивоградби, а сега, како што почна со Општина Центар, сега продолжува со Карпош, се отвра работа за ЈП „Улици и патишта“, па прите за услугата место во приватни фирми ќе се слеваат во градската каса.
