Две патнички возила биле запалени синоќа во одделни случаи и на различни локации во Скопје, информираа од МВР.
Првиот случај бил пријавен околу 02:00 часот по полноќ, кога на паркинг на улицата „Христо Татарчев” било опожарено возило со скопски регистарски таблички, а кратко подоцна во 03:30 часот бил пријавен уште еден пожар на паркинг на улицата „Лазар Димитров”, каде горело друго патничко возило, исто така со скопска регистрација.
И во двата случаи интервенирала противпожарната служба. Нема повредени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
