Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Напредок на европскиот пат: Црна Гора затвори 13 од 33 поглавја
    Свет

    Напредок на европскиот пат: Црна Гора затвори 13 од 33 поглавја

    27/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Црна Гора вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската унија во Брисел, официјално го затвори преговарачкото Поглавје 32 – Финансиски надзор. Со тоа, земјата досега има затворено 13 од вкупно 33 преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската унија.

    Европската комесарка за проширување Марта Кос потсети дека во декември 2025 година Црна Гора затворила пет поглавја и нагласи дека позитивната динамика продолжува и во 2026 година. Таа истакна дека годинава се одбележуваат 20 години од обновата на црногорската независност и оцени дека тоа нема да биде само година на прослава, туку и на засилен реформски ангажман.

    „Ова е добар почеток на годината и Црна Гора е на пат до крајот на 2026 година да ги затвори сите преостанати поглавја“, порача Кос.

    Црногорскиот премиер Милојко Спаиќ изјави дека брзината со која земјата ги затвора преговарачките поглавја е јасен доказ дека процесот на проширување на Европската унија е жив и релевантен. Тој изрази уверување дека Црна Гора има капацитет да ги затвори сите поглавја уште до крајот на оваа година.

    „Оваа Меѓувладина конференција покажува дека на европскиот пат нема пречки и нема кратенки. Сè се постигнува со работа и реформи“, истакна Спаиќ.

    Тој додаде дека Европската унија, во услови на глобална несигурност, останува столб на мирот, демократијата и владеењето на правото, нагласувајќи дека не постои поголем идеал од обединета Европа и дека Црна Гора самоуверено чекори кон таа цел.

    Поглавјето 32 – Финансиски надзор се однесува на усвојување и примена на меѓународно признати стандарди во областа на јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија и најдобрите практики на Европската унија. Целта е да се обезбедат дисциплина, транспарентност и отчетност при користењето на националните средства и средствата од ЕУ во целиот јавен сектор.

    Од црногорската Влада претходно оценија дека затворањето на ова поглавје претставува значаен чекор напред на патот кон полноправно членство во Европската унија.

    Црна Гора официјално ги отвори преговорите за членство во ЕУ на 29 јуни 2012 година и досега има затворено 13 поглавја, што претставува речиси 40 проценти од вкупниот број. Според проекциите на црногорските власти, земјата би можела да стане полноправна членка на Европската унија во 2027 година.

    Црна Гора е и првата држава што преговара според новиот принцип на проширување, според кој клучните поглавја – Правосудство и темелни права и Правда, слобода и безбедност – се отвораат на почетокот, а се затвораат на самиот крај од преговарачкиот процес.

    Поврзани вести:

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    21/10/2026

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    21/10/2026

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.