Снегот од минатата недела и денешните дождови повторно го зголемија ниво на водата кај повеќето македонските реки. Можни се некаде и излевања, затоа е потребна поголема внимателност.
Утрово е измерено дека во Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија водостојот е зголемен. Исто така, и реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата.
За разлика од нив пак реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат намалување на нивото на водата.
Според податоците од УХМР, нивото на водата во трите езера е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец јануари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
