Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, вчера лиши од слобода две лица од Скопје.
При контролата, на различни локации на подрачјето на општина Аеродром , кај двете лица е пронајдена и одземена марихуана. Кај трето лице пак од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен еден мотоцикл поради сомнение за фалсификат.
-Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 37 сообраќајни прекршоци. Од нив две за управување возило без возачка дозвола, две за измината важност на регистрација, една за управување возило под дејство на алкохол, -соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
