Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Полицијата уапси четири лица: Запленети два килограми марихуана и хашиш
    Хроника

    Полицијата уапси четири лица: Запленети два килограми марихуана и хашиш

    23/01/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вчера околу 21:30 часот во селото Пирава, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишиле од слобода С.Ј. (22) и Г.Т. (29), двајцата жители на селото.

    При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале двајцата осомничени во момент кога вршеле мерење на марихуана. При тоа биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, 110 семки од канабис, како и предмети со остатоци од наркотична материја. Дополнителен претрес бил извршен и во домот на Г.Т., каде исто така биле пронајдени пакувања со марихуана и предмети со траги од дрога.

    Од преземените оперативни активности, полицијата дошла до сознанија дека со случајот се поврзани и К.М. (47) и Б.М. (23) од селото Јосифово. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови, како и во деловен објект што го користел К.М., при што биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и хашиш.

    Во рамки на сите претреси, полициските службеници одзеле околу два килограми марихуана и хашиш. Лицата се задржани во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на настанот, против сите четворица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.