Првите трилатерални мировни преговори меѓу САД, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ. Средбата следи по разговорите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Давос и средбата на американската делегација со Владимир Путин во Москва.
Касно синоќа на состанок што траел околу четири часа Путин се сретна со мировните претставници на Трамп, а разговорите Кремљ ги опиша како „исклучително суштински, конструктивни и исклучително искрени и доверливи“.
Русија уште една повтори дека нема можност за долгорочно решение ако не се решат територијалните прашања, што, според Кремљ, било договорено на минатогодишниот самит во Алјаска.
Москва додаде дека Русија ќе продолжи со воените дејствија сè додека не се постигне дипломатско решение.
