Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија би можела да плати една милијарда долари од замрзнатиот имот како надомест за постојано членство во таканаречениот „Одбор за мир” – ново меѓународно тело предложено од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Одборот за мир” се формира по налог на Трамп, паралелно со одобрувањето на Националниот одбор за управување со Газа – едно од четирите тела задолжени за надгледување на преодниот период во палестинската енклава.
Инаку, Путин денеска ќе разговара за можен мировен план за Украина со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Москва.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
