Британскиот престолонаследник Принц Вилијам во февруари ќе ја посети Саудиска Арабија, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение од Кенсингтонската палата.
Во соопштението се наведува дека посетата се одвива во период на засилување на трговските, енергетските и инвестициските врски меѓу Обединетото Кралство и Саудиска Арабија, како и во пресрет на одбележувањето на стогодишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.
Ова ќе биде прва официјална посета на принцот Вилијам на Саудиска Арабија и е планирано да трае од 9 до 11 февруари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
