Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Европскиот парламент денеска ќе гласа по новата иницијатива за смена на Фон дер Лајен
    Свет

    Европскиот парламент денеска ќе гласа по новата иницијатива за смена на Фон дер Лајен

    22/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Европскиот парламент денеска треба да се изјасни по иницијативата на групата Патриоти за Европа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.

    Директен повод за поднесување на иницијативата беше потпишувањето на Договорот за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур и на билатералниот Привремен трговски договор минатата сабота во Парагвај.

    Гласањето следи по дебатата по иницијативата на пленарната сесија на ЕП што се одржа во понеделникот вечерта.

    Образложувајќи ја иницијативата во името на нејзината пратеничка група, унгарската европратеничка Кинга Гал истакна дека Патриотите за Европа и нивните милиони гласачи порачуваат дека е доста од предавството на европските земјоделци и од политиките спротивни на европските интереси, па затоа бараат промена на насоката и ново раководство на ЕУ, кое конечно ќе им служи на луѓето од Европа, а не на Брисел.

    – Урсула фон дер Лајен и нејзината Комисија мора да си заминат, истакна Гал.

    Таа нагласи дека во последните неколку години Европската комисија презела „низа погрешни чекори, кои го туркаат европското земјоделство во сериозна криза“. Гал посочи дека со договорите меѓу ЕУ и Меркосур, евтини земјоделски производи од Јужна Америка ќе ги преплават европските пазари, создавајќи нелојална конкуренција, без соодветна заштита за европските земјоделци.

    – Ова е надополнето со драстичните намалувања на финансирањето од ЕУ за земјоделците во новата Предлог-повеќегодишна финансиска рамка. Тоа ќе ги уништи европските земјоделци – луѓето кои гарантираат дека имаме храна на нашите маси, истакна Гал.

    Ова ќе биде четврто гласање за недоверба на Европската комисија од јули минатата година. Претходните три иницијативи не ги добија потребните мнозинства за поддршка од најмалку две третини од пратениците што ќе учествуваат во гласањето, при што бројот на оние што гласале „за“ треба да е поголем од половина од вкупниот број европратеници или во моментов најмалку 360 гласа. Истиот резултат се очекува и при денешното гласање.

    Инаку, за разлика од претходните три дебати и гласања по иницијативите за недоверба во Европарламентот на кои присуства речиси сите членови на Еврокомисијата заедно со Фон дер Лајен, на расправата во понеделникот учествуваше само еврокомесарот за трговија, економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност Марош Шефчович, кој и ги потпиша договорите со Меркосур.

    Поврзани вести:

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    22/10/2026

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    22/10/2026

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.