Националниот џез оркестар на 30 јануари стартува со новата концертна сезона. На првиот концерт оркестарот ќе настапи заедно со гудачкиот ансамбл составен од музичари од МОБ. Концертот е насловен National Jazz Orchestra with String Ensemble., а гостин на вечерта ќе биде Георги Шарески — гитарист и композитор Диригентство палка е на маестро Џијан Емин.
Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија. Со овој концерт, Националниот џез оркестар ја поканува публиката на вечер во која музиката зборува ќе сама за себе и ќе ги носи надвор од секојдневниот ритам.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
