Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции во јавната администрација, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите.
Со законското решение се воведува единствена, јасна и системска рамка за именување, мандат, одговорност и разрешување на највисоките раководни функции, при што управните одбори се сведуваат на три члена, а статусот „в.д.” станува строго временски и правно ограничен.
Минчев истакна дека мерит-принципот станува правило, а не исклучок.
Да се надеваме дека напишаното нема да се спроведува со исклучоци, туку целосно.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
