Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, денеска е осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба во земјата кон крајот на 2024 година.
Тоа е прва пресуда во осумте казнени постапки што се водат против него. Тој е веќе осуден и по други обвиненија, вклучително и давање отпор при приведувањето. Најтешкото обвинение, за кое се води посебна постапка, е предводење бунт, за што е предвидена и смртна казна.
Јун беше отповикан, приведен и сменет од претседателската функција откога во декември 2024 година воведе вонредна состојба, што предизвика масовни протести.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
