Во пресрет на средбата со грчкиот премиер Мицотакис, закажана за понеделник, земјоделците нема да ги блокираат патиштата и граничните премини, но тракторите ќе останат паркирани на блоковите, онаму каде што се веќе речиси 50 дена.
Да останат отворени патиштата е и еден од предусловите поставени од Владата за средба со земјоделците, а портпаролот на грчката
Влада на вчерашниот брифинг со новинарите посочи дека освен тргање на блокадите, предуслов е и на состанокот да не учествуваат земјоделци кои покажале деликвентно однесување.
На состанокот со Мицотакис што ќе се одржи во понеделник 25 претставници на земјоделците, сточарите, рибарите и пчеларите ќе презентираат 14 барања конкретни барања.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
