По вчерашните протести во Софија, каде што демонстрантите бараа на следните избори да се гласа електорнски, на вонредниот состанок на Комисијата за уставни и правни прашања во бугарското собрание, тоа беше одбиено.
Само 6 од 20 пратеници се согласиле со барањата на демонстрантите, а останатите, пратениците од владејачката коалиција биле против или воздржани.
Сето ова за бугарските аналитичари е сигнал дека ќе се продлабочува кризата во Бугарија бидејќи власта го отфрла главното барање на протестите низ земјата за реформи во изборниот процес.
Во Бугарија во рок од 4 години ќе се одржат 8 по ред вонредни избори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
