Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, синоќа претстави иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат нови странски инвестиции во енергетскиот сектор, изјави Родригез и објасни дека мерките ќе овозможат инвестиции во нови нафтени полиња, во полиња каде што никогаш немало инвестиции, како и во оние каде што воопшто нема инфраструктура.
Родригез еден ден претходно објави дека ќе го инвестира „секој долар“ од приходите од нафта и гас во здравствениот систем на земјата. Таа ја презеде функцијата претседател, откако САД го заробија претседателот Николас Мадуро во воена операција и го одведоа во САД, каде што ќе му се суди по обвинение за трговија со дрога.
Иако е лојален сојузник на Мадуро, во четвртокот таа повика на добри односите со САД, а и телефонски разговараше претседателот Трамп, кој ја пофали како „одлична личност“, која била исклучително соработлива.
