Малолетник со возило удрил и тешко повредил пешак во Скопје. Имено, вчера вечерта во МВР било пријавено дека на скопската ул.„Македонско- косовска бригада”, патничко возило „Голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во 57-годишен пешакот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот од Скопје и веднаш бил однесен на болнишко лекување. Полицијата извршила увид на лице место и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
