Грчката влада порача дека повеќе нема да дозволи земјоделски блокирања на граничните премини, оценувајќи дека ваквите блокади ѝ нанесуваат сериозни штети на економијата. Од таму велат дека државата покажала толеранција речиси 40 дена, но дека ситуацијата е неодржлива поради големите количини стоки што остануваат заглавени и прекините во снабдувањето на бизнисите со суровини, гориво и производи.
Земјоделските протести што започнаа кон крајот на ноември, со блокади и ограничувања кои периодично го отежнуваат сообраќајот на повеќе премини во северна Грција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







