Уапсен е 54-годишен скопјанец кој е осомничен за оштетувањето на стаклото на влезот на бугарската амбасада во Скопје. Ова го потврдија од МВР додавајќи дека денеска во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода 54-годишникот затоа што вчера го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
За случајот имаше реакција и од бугарското министерство за надворешни работи и од амбасадорот Желјазко Радуков.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голем обем, вели Муцунски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
