Претседателот на САД, Доналд Трамп ѝ предложи на Куба да склучи договор со Вашингтон, бидејќи повеќе нема да добива нафта од Венецуела.
Венецуела е најголемиот снабдувач на нафта на Куба, но откако американските воени сили го заробија претседателот Николас Мадуро, Трамп изврши притисок врз привремената претседателка која сега ја испраќа венецуелската нафта во САД.
За Куба, губењето на венецуелска нафта е катастрофално. Помеѓу јануари и ноември минатата година, Венецуела испраќала просечно 27.000 барели дневно на островот, покривајќи околу 50 проценти од потребите на Куба.
Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез истакна дека Куба има право да увезува нафта од која било земја и ги обвини САД за „криминално однесување” што го загрозува светскиот мир.

