Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Бугарски државјанки осомничени за серија кражби и злоупотреба на банкарски картички во Скопје
    Хроника

    Бугарски државјанки осомничени за серија кражби и злоупотреба на банкарски картички во Скопје

    08/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две државјанки на Република Бугарија, за кои постои основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела кражба, казниви по член 235 став 1 од Кривичниот законик.

    Според обвинителството, првоосомничената во најмалку пет наврати, од кои последниот заедно со второосомничената, крадела паричници од различни лица. Во паричниците имало готовина, банкарски картички и лични документи, по што осомничените се обидувале, а во неколку случаи и успевале, да подигнат дополнителни суми пари од банкомати.

    Еден од потешките случаи се случил на 4 април 2025 година во автобус број 7 на ЈСП Скопје, на релација Поликлиника Букурешт – Рекорд. Таму била украдена парична торбичка со 2.600 денари, банкарска картичка и документи. Иако оштетениот веднаш се обидел да ја блокира сметката, од банка бил информиран дека веќе биле подигнати 30.000 денари од банкомат.

    Во текот на август 2025 година, во трговски центар во Скопје, осомничената во три одделни наврати извршила кражби на паричници, при што првично прибавила противправна имотна корист од околу 39.000 денари. Подоцна, од една од украдените картички, успеала дополнително да повлече уште 60.000 денари во два наврати.

    Последниот инцидент се случил на 4 јануари 2026 година, кога двете осомничени заедно украле паричник и лични предмети од оштетена во вредност од околу 3.000 денари. По кражбата, два пати неуспешно се обиделе да подигнат пари од банкомат.

    Обвинителството испитува и дополнителна одговорност, откако било утврдено дека во случаите кога биле успешно подигнати пари, ПИН-кодовите биле запишани и чувани во паричниците на жртвите, најчесто повозрасни лица. Поради тоа, се проверува дали постојат елементи и на кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

    За двете странски државјанки е предложена мерка притвор.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.