Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Загина 40-годишен дебранец при работа на градилиште
    Хроника

    Загина 40-годишен дебранец при работа на градилиште

    08/01/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Трагичен несреќен случај се случи денеска претпладне во Дебар, каде што 40-годишен жител на градот го загуби животот откако паднал од станбена зграда во изградба, на која извршувал работни задачи.

    Според информациите, мажот се здобил со тешки телесни повреди и починал за време на транспортот кон Општата болница со проширена дејност во Дебар. Од Секторот за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 11:35 часот.

    Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, соопшти дека, според првичните информации, несреќата се случила околу 11:15 часот на градилиште на улицата „Братство единство“, каде што починатиот бил ангажиран како работник.

    На местото на настанот излегле јавен обвинител и трудов инспектор, а увидот го извршила екипа од ОВР Дебар. Причините за несреќата ќе бидат утврдени по целосно расчистување на случајот.

    Жители на Дебар информираат дека станува збор за нивен сограѓанин, кој работел на поставување врати и прозорци на објектот. Го опишуваат како вреден и чесен човек, а веста за неговата смрт предизвика тага и вознемиреност меѓу граѓаните.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.