Упсено лице на возраст од 55 години од село Пепелиште, неготинско вчера во 17:45 часот.
Полициските при сообраќајна контрола на улицата „Христо Ботев“ во Неготино, сопреле патничко возило „Југо“ со неготински регистарски ознаки. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
-По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава „безобѕирно управување со моторно возило“, додале од СВР – Велес.

