Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Осомничениот за убиството на турски државјанин лоциран и уапсен надвор од државата
    Хроника

    Осомничениот за убиството на турски државјанин лоциран и уапсен надвор од државата

    02/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По темелна истрага спроведена од полициски службеници од СВР Скопје, односно Единицата за насилен криминал и Одделението за крвни деликти, под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, целосно е расчистен крвавиот инцидент што се случи за време на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија.

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против М.Т. (25), државјанин на Република Турција со престојувалиште во Тетово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство од член 123 од Кривичниот законик, како и убиство во обид, согласно истиот член во врска со член 19.

    Според истрагата, осомничениот во текот на ноќта започнал вербална расправија со А.М.Д. (22) и Ч.Е. (23), двајцата од Турција, во кафе-бар во чаршијата. По конфликтот, оштетените заедно со уште неколку лица се упатиле кон плоштадот, но откако не успеале да пронајдат такси, се вратиле назад и повторно поминале во близина на истиот локал.

    При повторната средба, расправијата ескалирала, по што М.Т. извадил нож и му задал четири убодни рани во пределот на градниот кош и срцето на А.М.Д., кој починал на самото место. Со уште еден убод му нанел тешка телесна повреда на Ч.Е., со намера да го лиши од живот, по што избегал од местото на настанот.

    Во рамки на постапката, по наредба на јавен обвинител била извршена обдукција на починатиот, биле подигнати материјални траги за вештачење, реализирани разговори со повеќе лица и анализирани снимки од видео надзор, преку кои е утврден идентитетот на осомничениот.

    По преземени оперативно-тактички мерки, полицијата утврдила дека осомничениот се наоѓа на територијата на Косово, каде што е лишен од слобода од страна на тамошните безбедносни органи.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.