Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека проверува дали има италијански државјани меѓу загинатите или повредените во пожар во Швајцарија. Повикувајќи се на локалните власти, соопшти дека најмалку 40 лица загинале, додека околу 100 лица се повредени.
Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на смртни случаи. На прес-конференција, шефот на полицијата зборуваше за неколку десетици мртви.
Италијанското Министерство, исто така, изјави дека многу од жртвите не можат да бидат идентификувани во моментов поради тешки изгореници на нивните тела.
Италијански хеликоптер за цивилна заштита со спасувачка екипа беше исто така распореден за да им помогне на локалните власти.
Да потсетиме утрово во 1,30 по полноќ при прослава на новогодшната вечер во во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кантонот Вале во барот „Констелејшн“ се слушнала силна експлозија по која избувнал пожар. Експлозијата, исто како во кочанската трагедија во дискотеката Пулс била предизвикана од пиротехника.
