„Вечерва е намерно запалена баскет подлогата на игралиштето во Населба Радишани. Станува збор за едно од најубавите баскет игралишта во државата. Терен покриен со сертифицирана подлога за баскет од ФИБА“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски околу 22 часот.
Тој вели дека среќа што чуварот на училиштето и совесни граѓани случајно виделе како гори подлогата, па огнот е изгаснат, а штетата не е преголема.
Ова не е прв случај за уништување на спортски терени, надворешни теретани, клупи, контејнери од скопски хулигани. Изминатава година имаше многу лоши примери во сите скопски општини за уништување на опрема која е поставена од локалните самоуправи или од општествено одговорни компании за рекреативните и секојдневните потреби на скопјани.
