Во ќелијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс” во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка.
На почетокот на денешното рочиште, судијката Дијана Груевска Илиевска, го опомена со зборовите: „Не знам кој ви ги носи, не знам, но сега ќе дадам опомена. Да не се повтори. Следниот пат ќе забранам посети”.
На денешното рочиште, што започна со половина час задоцнување, поради доцнење на еден од адвокатите од одбраната, свои изјави даваат тројца од родителите на загинатите деца како застапници на оштетените.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
