Вчера по добиена дојава од Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминала, бил спречен нелегален транспорт на оружје од Турција преку Бугарија за Македонија.
По преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална
дирекција за борба против организираниот криминал на граничниот премин „Капитан Андреево” помеѓу Бугарија и Турција при претрес на товарно возило „Волво” со македонски национални ознаки во товарниот простор биле пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми.
По целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
