Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев гради 40-катница во Дубаи
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев гради 40-катница во Дубаи

    24/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе тврдења дека поранешниот премиер Зоран Заев, кој според него е партнер на Венко Филипче, гради висококатница во Дубаи.

    Манасиевски се повика на сведоштво на Томе Аврамски, кој беше претставен како поранешен соработник и познаник на Заев. Според изнесеното, Аврамски тврди дека лично престојувал во Дубаи и дека ја посетил зградата која, како што наведува, ја гради Заев. Дополнително, според истото сведоштво, Филипче наводно поседува стан во Дубаи.

    „Бев во зградата каде што купија станови. Сега Заев гради во Дубаи зграда од околу 40 катови. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“, навел Аврамски во изјава која беше цитирана на прес-конференцијата.

    Манасиевски оцени дека станува збор за, како што рече, „скандал од големи размери“ и посочи дека овие тврдења, според него, отвораат сомнежи за начинот на кој се стекнати таканаречените „златни визи“ за Дубаи, преку инвестиции во недвижности.

    Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека е поднесена пријава до антикорупциски тим поврзан со СДСМ, а Манасиевски постави повеќе прашања за потеклото на средствата за наводните инвестиции, наведувајќи дека очекува институционална проверка на изнесените наводи.

    На прес-конференцијата беше најавено и прикажување на видео-снимка поврзана со овие тврдења. Засега, од прозваните лица нема официјален одговор на обвинувањата.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Нови министри во Владата: Сали за европски прашања, Хоџа за животна средина

    Нови министри во Владата: Сали за европски прашања, Хоџа за животна средина

    „Вредноста“ на македонскиот пасош со поголем рејтинг од лани

    „Вредноста“ на македонскиот пасош со поголем рејтинг од лани

    ВМРО-ДПМНЕ пак праша дали 2 милиона евра испрани од ЕСМ завршиле на сметки на функционери од СДСМ и ДУИ

    ВМРО-ДПМНЕ пак праша дали 2 милиона евра испрани од ЕСМ завршиле на сметки на функционери од СДСМ и ДУИ

    СДСМ и Левица со обвинување до Владата за повисока цена на струјата и за колапс на енергетскиот сектор

    СДСМ и Левица со обвинување до Владата за повисока цена на струјата и за колапс на енергетскиот сектор

    Мицкоски: Вратите се ширум отворени за нашинците во светот, ни треба секој кој сака да придонесе за татковината

    Мицкоски: Вратите се ширум отворени за нашинците во светот, ни треба секој кој сака да придонесе за татковината

    Можат ли политичките лидери да го надминат разногласието околу македонските евроинтеграции?

    Можат ли политичките лидери да го надминат разногласието околу македонските евроинтеграции?

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нови министри во Владата: Сали за европски прашања, Хоџа за животна средина

    24/12/2025

    „Вредноста“ на македонскиот пасош со поголем рејтинг од лани

    24/12/2025

    ВМРО-ДПМНЕ пак праша дали 2 милиона евра испрани од ЕСМ завршиле на сметки на функционери од СДСМ и ДУИ

    24/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети

    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.