Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска сподели дека заедно со пријателите од Црвен крст, ја посетиле Клиниката за детска хирургија, а на дечињата им подариле новогодишни пакетчиња.
„Малите борци ни возвратија со искрени насмевки и празнична радост”, истакна Герасимовски.
Тој нагласи дека на дечињата им посакал побрзо закрепнување и што повеќе безгрижни и радосни детски денови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
