Македонскиот пасош, според најновиот ранкинг на сајтот „Henley & Partners” е рангиран на 41. место на листата на најмоќни пасоши во светот. Ова е напредок од 4 позиции, во однос на лани, кога Македонија беше на 45. позиција, што укажува на умерено подобрување на меѓународната мобилност на македонските граѓани.
Со македонски пасош моментално без виза може да се патува во 129 држави, што ја става земјата во средината на глобалната ранг-листа.
Највисок пласман македонскиот пасош го имаше во 2014 година, кога се најде на 36. место.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
