Сопрена изведба на македонска песна во грчкиот град Лерин. Имено тамошниот градоначалник го прекинал настапот на бендот „Ентопика” во моментот кога запеал песна на македонски јазик на традиционалната манифестација „Ден на огновите”.
На прославата се слушале многу песни, но кога започнала изведбата на македонската народна песна „Софка на татко” следела итна реакција од градоначалникот. Според сведоштвата што се шират на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено да прекинат со пеењето на македонски јазик, дозволувајќи им да продолжат исклучиво со инструментална изведба.
„Музиката нема граници!” – порачал музичарот од бината, добивајќи аплауз и одобрување од дел од публиката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
