Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот, па сè до завршување на интервенциите, ќе имаат корисниците од улицата „13 Ноември“ во општина Центар, како и дел од населбата Сингелиќ во општина Гази Баба. Дополнително, од 10 часот без вода ќе останат и корисниците од дел од улицата „Наум Наумовски Борче“, на потегот од „Ленинова“ до „Орце Николов“, исто така во општина Центар.
Од ЈП Водовод и канализација информираат дека причините за прекинот се повеќе технички зафати. Станува збор за промена на вентил на Кеј „13 Ноември“ б.б., кај објектот на Комерцијална банка во Центар, изведување нов водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Пиринска“ број 49, како и реконструкција на водоводна мрежа со пречник од 250 милиметри на улицата „Методија Андонов Ченто“, кај бензинската пумпа „Макпетрол“ во населбата Сингелиќ.
