Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае со 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето.
Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта кој пребега од ДУИ во Влен заради кандидатурата и независниот Ваљбон Лимани кој го поддрѓува ДУИ..
Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од
Група избирачи Зуљхајрат Демири.
Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците.
Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и Анес Ахмети кандидат на СДСМ.
Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.
