Армијата на Русија напредува на бојното поле во Украина. Ова го истакна претседател Владимир Путин на големата годишна прес-конференција, додавајќи дека Русија ќе ги постигне своите цели воено доколку Киев не се согласи со условите на Москва.
Тој воедно ги пофали „сериозните напори на Трамп за завршување на овој конфликт” и рече дека американскиот претседател е „искрен” во својот обид да ја заврши војната. Путин истакна дека од Русија е побарано да направи некои компромиси за време на разговорите во Енкориџ со Трамп и дека во голема мера се согласила со нив.
„Топката е целосно во дворот на нашите западни таканаречени противници, шефот на киевскиот режим и нивните европски спонзори”, вели тој.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
