Спортот е важен дел од едно општество по повеќе основи. Тоа го разбира и Хрватска па го става спортот на листата на највисоките приоритети. За идната година за хрватските спортистите се обезбедени над 180 милиони евра.
А што прави Македонија на ова поле?
Едвај годинава имаше спортски буџет од 18 милиони евра, претходните години тој беше помал од 10 милиона евра годишно.
Инаку, треба да вложуваат и локалните самоуправи – на пример Загреб има 40 пати поголем спортски буџет од Скопје.
Затоа Хрватска освојува медали, а Македонија се почесто се радува на добивање „вајлд карта” за настап на голем спортски настан.
Во услови на киднапиран Македонски олимписки комитет од група луѓе и со по малку анемично Министерство за спорт, Македонија се уште нема јасна стратегија за развој на спортот. Добро е што сегашнава Влада ги подигна рангот на Агенцијата во Министерство, но таму е потребен сериозен менаџмент кој ќе подготви долгорочна стратегија.
Оти Македонија има таленти, нашите деца до 18 години се конкуренти со своите врсници од најспортските држави, но непостоењето на стратегија, слабата инфраструктура и минималните средства што ги добиваат ги оддалечуваат од врвот во сениорска конкуренција

