Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Судири меѓу полицијата и земјоделците на протестите во Брисел
    Свет

    Судири меѓу полицијата и земјоделците на протестите во Брисел

    18/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Белгиската полиција употреби солзавец и водни топови за да ги разбие насилните земјоделци, кои во рамките на денешните земјоделски протести во Брисел со трактори го блокираа плоштадот „Луксембург“ пред Европскиот парламент.

    Како што јавија белгиските медиуми, до инцидентот дошло кога дел од демонстрантите почнале да фрлаат со камења, петарди, други тврди предмети, но и земјоделски производи, како компири и цвекло, врз полицајците и кон зградата на Парламентот, со цел да ги пробијат полициските блокади.

    Според најавите на организаторите, на денешните протести се очекува учество на околу 10.000 земјоделци од 40 до 45 национални земјоделски здруженија од цела Европа, вклучително и од Белгија, Ирска, Италија, Полска, Словенија, Франција, Чешка, Шведска и Шпанија.

    Земјоделците бараат поголем земјоделски буџет, посилни трговски заштитни мерки за земјоделството и помали ограничувања на земјоделското производство.

    Европската федерација на земјоделци, која е меѓу организаторите на протестите, соопшти дека се решиле на ваквиот потег затоа што „само малку работи се промениле во корист на земјоделците“ од претходната серија демонстрации што беа организирани во периодот од неколку месеци до средината на минатата година.

    – Тука сме со јасна порака. Европа става клуч на европското земјоделство, изјави претседателот на фламанскиот Сојуз на земјоделците (ББ), Лоде Сејсенс за белгиската телевизија ВРТ.

    Тој нагласи дека земјоделците протестираат против европските регулативи што ги попречуваат инвестициите и дозволите, против предложената повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот од 2028 до 2035, со која, според него, заедничкиот земјоделски буџет се намалаува за повеќе од една петтина, како и против „нефер трговските договори“, како што е оној за слободна трговија со јужноамериканските земји од асоцијацијата Меркосур. Инаку, Европската комисија планира да го потпише Договорот со Меркосур во текот на претстојниот викенд.

    – Сакаме подобра регулатива за да можат земјоделците да реинвестираат, да се модернизираат и да станат поодржливи. Сакаме правна сигурност. Сакаме договори за фер трговија што нема да ги стават во неповолна положба нашите земјоделци или да ги измамат потрошувачите. И сакаме силен буџет, додаде Сејсенс.


    Главниот земјоделски протест започнаа во близина на Ботаничката градина во поширокото централно подрачје на Брисел, од каде земјоделците се упатија кон т.н. европски кварт за да стигнат до зградите на Европската комисија и Советот на ЕУ, а од таму и на плоштадот „Луксембург“ пред Европскиот парламент, каде според планот протестите треба и да завршат.

    Во меѓувреме, групи земјоделци со трактори блокираа крстосници и булевари на повеќе локации низ централниот дел на Брисел, создавајќи застои и проблеми во одвивањето на сообраќајот.

    Белгиските медиуми јавија дека помали инциденти денеска имало уште пред почетокот на протестите. Така, група земјоделци мавале со камења по полицајци пред Европскиот парламент, а на неколку локации биле запалени огнови на улиците и имало обиди за пробивање на полициските блокади, поради што накратко полицијата реагирала и со водни топови.

    брисел земјоделци протести
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Претседателот на парламентот на Иран, ја нарече американската поморска блокада глупава одлука

    19/04/2026

    Северна Кореја повторно си тестира балистички ракети

    19/04/2026

    Протести во Ерусалим: Доста ни е од бескрајни војни

    19/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.