Ноќеска во акција на Бирото за јавна безбедност приведени се повеќе лица меѓу кои и Бујар Дарлишта функционер на ДУИ, поранешен директор на Управата за водење матични книги.
Информацијата ја потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Претходно, од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал соопштија дека ноќеска била спроведена акција на повеќе локации во Скопје и Куманово.
Од полиција најавија повеќе детали по завршување на теренските активности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
