Вчерашниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Државната Лотарија пaк го отвора прашањето каде завршуваат сите овие ревизорски извештаи? Законот за ревизија предвидува објавување на резултатите и доставување до надлежните институции, но јавноста ретко има увид во целосните наоди, а уште помалку информации дали институциите надлежни за проверки постапиле по нив.
Иако ревизорите често откриваат неправилности или несоодветно трошење на јавните пари, сепак ефектите од овие извештаи се малку видливи. Во случајот со Лотаријата, извештајот укажува на сериозни финансиски нерегуларности и пропусти во контролата на средствата во времето кога директорувале кадри поставени од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Има ли понатамошно процесуирање на овој посочен криминал?
Ревизијата не смее да остане само формална постапка и документ. Народните пари мора да се трошат одговорно, а секоја воочена девијација не смее само да биде констатирана, туку и санкционирана и корегирана.
